Амбасада на Република Северна Македонија во Јапонија

Најнови вести

Средба Османи – Ханеда по повод завршувањето на дипломатската мисија на амбасадорката на Јапонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска имаше проштална средба со Н.Е. г-ѓа Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, по повод нејзиното завршување на дипломатската мисија и заминувањето од земјата. Во таа прилика Османи ѝ врачи плакета-благодарница на амбасадорката Ханеда за извонредниот ангажман и личниот придонес во развојот на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија, посакувајќи ѝ успех во нејзините натамошни ангажмани во дипломатската кариера. „Како прв јапонски резидентен амбасадор во нашата земја, оставивте длабок печат во развојот на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, особено преку вашето лично залагање и несебичната помош од Владата на Јапонија. Повеќе од 20 години добиваме донации и наменски проекти од народот на Јапонија, особено во здравствениот сектор, локалната самоуправа, образованието и останатите јавните установи што претставува исклучително позитивен придонес во развојот на сите овие сектори“ истакна Османи. Во сличен тон, соговорниците ги оценија односите меѓу двете земји како исклучително пријателски, базирани на традиционалното партнерство и соработка. Амбасадорот Ханеда се заблагодари за гостопримството и успешната соработка во изминатиот период и ја пренесе заложбата за натамошно продлабочување на билатералните односи, како и за подготвеноста на јапонската страна за продолжување на развојна поддршка на Република Северна Македонија.

Инфо од Координативното тело на МНР за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија

Министерството за надворешни работи преку Координативното тело за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија кои, поради новонастанатата ситуација со корона вирусот (COVID-19), се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, оствари мноштво контакти и разговори како со засегнатите наши граѓани, така и со различни институции во државата и во странство со цел изнаоѓање на решенија и давање соодветни информации и совети. По интензивна комуникација и координација со наши граѓани кои се враќаат во државата, како што е случај со тие од Малта, Шпанија или транзитирањето низ Република Србија и Република Албанија, се преземаат најсоодветни можни решенија, во услови на менување на околностите на дневна основа. Во Малта нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул;  во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија. Дополнително беше одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата. Министерството за надворешни работи прави напори за надминување на ваквата состојба и остварува постојана комуникација со сите заинтересирани страни, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, како и согласно мерките на другите држави во кои престојуваат или транзитираат нашите граѓани.

МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19)

Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот (COVID-19). Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација: 075 27 37 32  (редовна линија, Viber, WhatsApp) 071 25 34 30  (редовна линија, Viber, WhatsApp) 072 30 68 45 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 44 66 47 (редовна линија) Електронска пошта: [email protected] Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки,  сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Туристички дестинации

Манастир Јован Бигорски

Шарена Џамија, Тетово

Залив на Коските, Охрид