Средба на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки со амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук

05 октомври 2020

Заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки на 2 октомври 2020 година ја прими амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија,  Наталија Задорожњук која и го честиташе изборот на функцијата.

Заблагодарувајќи се на честитките, заменик министерката Исаки се осврна на приоритетите на надворешната политика на земјата, со акцент на неодамнешниот прием во НАТО како и очекуваното започнување на преговорите за членство во ЕУ. Во доменот на билатералните односи со Украина, потенцираше дека и традиционалното пријателство меѓу нашите две земји претставува предуслов и стабилна основа за натамошна интензивирана соработка во сите области од заеднички интерес, а посебно на економски план.

Од страна на амбасадорката на Украина, Задорожњук, беше изразено задоволство од континуирануиот  политички дијалог и успешната соработка во повеќе области. Во тој контекст, беа разменети мислења за продолжување на овој позитивен  тренд во периодот што претстои.