Средба на ЗМНР Исаки со амбасадорот на Јапонија

05 мај 2021

Заменик министерот за надворешни работи, Фатмире Исаки, денес оствари  средба со амбасадорот на Јапонија во Скопје, Н.Е. г-дин Хиронори Савада. 

На средбата беше искажано заемно задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји, кои беа оценети како исклучително пријателски, базирани на традиционално партнерство и соработка.

Заменик министерот Исаки изрази подготвеност за нивно натамошно продлабочување во областите од заемен интерес и во оваа прилика, се заблагодари за постојаната помош од Јапонија, преку грантови, донации и проекти за подобрување на многу сегменти од нашето општество.

Од јапонска страна беше истакната поддршката за реформските процеси во Република Северна Македонија и беше нагласено и дека Јапонија ќе продолжи да го помага развојот на земјава преку проектите во рамките на техничката помош.